(ВИДЕО) Умрела славна српска глумица која глумела во дури два филма за Џемс Бонд

Српската глумица Наџа Редин починала во 88. година на живот.
Веста е објавена на службениот профил на Џемс Бонд на Твитер бидејќи Наџа била една од Бонд девојките.
„Жал ни е што мораме да известиме дека Наџа Регин починала на 87. години. Наџа се појавила во два филма за Џемс Бонд, „Од Русија со љубов“ и „Голдфингер“. Во овие тажни моменти нашите мисли се со нејзиното семејство и пријателите“, стои во објавата.


Наџа во филмот „Од Русија со љубов“ ја отелотворила љубовницата на британскиот шпион Керим Беј, додека во „Голдфингер“ била стомачна танчерка, Бонита.
Признала дека прво не сакала да ја прифати улогата во филмот за Џемс Бонд.
„Прво ми беше многу непријатно бидејќи тоа беа мали улоги.Но, кога британската кралица имаше мала улога, си помислив, да, ако е филмот добар за неа, не мора да биде непријатно“, рекла своевремено Наџа Регин.


Регин е родена на 2. декември 1931. година во Ниш, во Србија. Актерската академија ја завршила во Белград. Дипломирала и филозофија. Во 50. ттите години на минатиот век со сопругот се преселила во Велика Британија а во почетокот не знаела англиски јазик.
Со глума почнала да се бави како студентка, глумејќи во југословенско-германски копродукции.
Пред една недела е објавено дека починала уште една Бонд девојка, британската глумица Таниа Малет, инаку роднина на Хелен Мирен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …