ИВАН И Кристина, брачна двојка од Мариупол, во интервју за Sky News опишала, како што велат, болно бегство од градот. Мариупол со денови е под силен напад, а во средата имало ракетен напад на театарот во чиј подрум се засолниле илјадници луѓе.
Иван и Кристина се во брак 12. години. Имаат 9-годишен син. Тие велат дека се среќни што го напуштиле Мариупол претходно во текот на неделата. Тие побегнале во Дњепар.
Иван, кој работел како возач, рекол дека семејството првично се криело во подрумот под училиштето додека се гранатирало.
Сепак, пишува Sky, семејството донело тешка одлука да го напушти остатокот од семејството и пријателите откако нивната градина била погодена од проектил.
Двојка го сподели своето ужасно бегство од Мариупол, кој ја претрпе најтешката хуманитарна катастрофа од војната во Украина досега.
Кристина Џолас рекла дека се чувствувала среќна што можела да побегне со своето семејство.
A couple have shared their harrowing escape from Mariupol, which has suffered the worst humanitarian catastrophe of the Ukraine war so far.
Kristina Dzholas said she felt lucky to be able to escape with her family.
Read more: https://t.co/brXpxkQ64f pic.twitter.com/Jtw9PwdD6h
— Sky News (@SkyNews) March 17, 2022
„Тоа е град на смртта“
„Животот во Мариупол сега е многу тежок. Се криевме во подрумот под гимназијата кога граната го погоди училиштето. Тоа е град на смртта, ужасот и стравот, каде што сега умираат луѓе, обични луѓе, кога излегуваат во најдат вода“.
Кристина, која работела во градскиот совет на Мариупол, го опишала моментот кога решиле да го напуштат Мариупол и олеснувањето што го почувствувале кога виделе други автомобили кои исто така бегаат.
„Една граната падна во нашиот двор и слушнавме тресок. Но, нашиот автомобил сè уште беше недопрен во гаражата, фала Богу, инаку немаше да можеме да излеземе. Имавме среќа. Возевме под висечките кабли за струја и видовме како над нас лета авион, како летаат гранати. Беше опасно, но шансата да заминеме не одржа во тоа време живи.
Потоа видовме неколку украински војници на излезот од градот и не пуштија да одиме. Не знаевме што да очекуваме додека поминувавме, но потоа дојдовме во сообраќаен метеж, што беше утешно бидејќи значеше дека не сме сами.
Ова е навистина страшно и не треба да се случува во 21 век“, рекла Кристина.
Фото: Принтскрин/Тwitter/SkyNews