(ВИДЕО) Трејлерот за „Џокер“ со Феникс во еден ден го гледале 8,7 милиони луѓе!

WARNER BROS. исфрлил уште еден вознемирувачки трејлер за надоаѓачкиот филм за Џокер кој оваа недела има светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција.
„Џокер“ е психолошки трилер кој ќе биде изземен од ДЦ светот. Во него покрај Хоакин Феникс ќе ги видиме и Роберт Де Ниро, Зази Бетз, Марк Марон, Френсис Конрој и многу други. Последниот трејлер на YouTubeu во само еден ден го погледнале повеќе од 8,7 милиони луѓе, а многумина коментирале дека не можат да го дочекаат филмот.


Дејствието го следи комичарот Артур Флек (Феникс) кој во 1981. година во Готам Сити се грижи за својата мајка (Конрој) и живее во пропаднат стан. Депресивен и фрустриран со сопствените професионални и лични заостанувања, конечно „се крши“ и станува озглогласен негативец каков денес го познаваме.
Големо внимание филмот сврте веќе со првиот тисер трејлер објавен во април, кога многумина сфатиле дека ќе добијат многу помрачен филм отколку што очекувале.
„Џокер“ во кината се очекува на 4. октомври.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …