(ВИДЕО) ТРАМП СЕ ЈАВИЛ СО ПОРАКА ОД БОЛНИЦА:„Не сакав да се кријам, наскоро ќе се вратам!“

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својот профил на Твитер. Тој најпрво се заблагодари на медицинскиот персонал за професионалноста и работата што ја завршиле.
Тој рекол дека дошол во болницата „Волтер Рид“ затоа што „не се чувствувал најдобро“.
„Сега се чувствувам многу подобро. Работиме напорно за да се вратиам што е можно побрзо затоа што имаме уште многу да направиме за да ја направиме Америка повторно голема.Ќе се вратам наскоро и со нетрпение очекувам да ја завршам кампањата на начинот на кој ја започнавме“, рекол тој и додал дека тоа се случило затоа што тој не бил подготвен да ги слуша советите да се затвори во Белата куќа и да не контактира со никого.
„Не сакав да останам во Белата куќа и да се кријам и да чекам да видам што ќе се случи. Лидерите мора да се соочат со проблемите“, рекол тој, додавајќи дека неговата сопруга Меланија е добро.
„Таа е малку помлада од мене и го поднесува ова како што се очекува за нејзините години“, додал Трамп.


Трамп од вчера се лекуваше во воената болница „Волтер Рид“, откако било потврдено дека е позитивен на вирусот корона.
„Ова е нешто што им се случи на милиони луѓе не само во Америка, туку и во целиот свет, и јас се борам и за нив. Ние ќе го победиме овој вирус на корона, или како и да сакате да го наречете, и ќе го победиме убедливо“, рекол Трамп во видео обраќањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …