(ВИДЕО) Трагична судбина: Била миленичка на модниот свет а умрела сама и болна!

Гиа Гаранги, познат светски супер модел, на сцената стапнла кон крјот на 70. години и како никој дотогаш го освоила модниот свет…

Како 17-годишно девојче, станала миленичка на Калвин Клајн, Ралф Лорен, Диор и Џорџо Армани. Таа беше единствениот модел што се појави на насловната страница на Cosmо – дури два пати во истата година,а редовно се појавувала и во американскиот, британскиот и парискиот Vog.
За време на растењето, Гиа го следела и го обожувала ликот и делото на Дејвид Боуви, и често го имитирала неговиот необичен стил. Дивите и неограничени излегувања во култното „Студио 54“ на младат ѕвезда и ги отвориле вратата во пеколот на дрога, во кој подоцна „заглавила“. Гиа после марихуаната почна да користи кокаин за да подоцна стане зависничка од хероин.
Соработката со неа била ризична бидејќи моделот често воопшто не се појавувала на снимање или подоцна во дизајнерска облека би отишла да ра дрога. Знаците од игли и воспалените рани на рацете било невозможно да се прикријат, а не некои фотографии останале видливи и после внимателно ретуширање на сликите, пишува Independent.


Првиот светски супермодел, како што ја нарекувале многу медиуми, го допрела дното по смртта на нејзиниот пријател, фотографот Крис фон Вангенхајм, кога минала часови и часови во бањата и си инјектирала хероин во вена. Гиа после тоа, станала свесна за промената која дрогата ја напрвила во нејзиниот изглед,па одлучила да оди на рехабилитација, но по напуштањето на клиниката, ја пречекал ладен туш. Речиси никој од познатите лица не сакал да соработува со неа. Фотографот на „Космополитен“ и дал шанса, но, за жал, таа не било доволно за Гиа да се врати во модната индустрија.
Почнала повторно да зема хероин, а влегла и во пеколот на проституцијата.Имало сомневања дека многу пати била силувана. На 26-годишна возраст таа се враќа дома и наскоро дознала дека страдала од сида. Нејзината мајка не дозволила посети ќерка покрај која била до 18. ноември 1986. година, кога Гиа починала.
За нејзината смрт никој не знаел, па никој не се појавил на погребот.
Веста предизвикала шок само неколку недели откако била објавена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …