(ВИДЕО) ТАЖНО – Средбата на таткото и возачот кој ја „прегазил“ неговата ќерка на улица го расплака светот

Средбата на татко и возач кој ја прегазил неговата ќерка во сообраќајна несреќа го расплака светот…
Пред неколку дена во бразилски град се случила сообраќајна несреќа, во која од силината на ударот десетгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди, скршена нога, неколку искршени заби, а колкот исто така и бил повредени. Иако многумина сметале дека возачот не гледал како вози, во овој случај тој навистина не бил виновен за ништо, туку мало девојче, за време на играта, излетало зад паркиран автобус директно на улица. За тоа време, возачот не можел ништо да стори.

Таткото го тешел возачот
Тој го удрил девојчето и веднаш истрчал од автомобилот за да и помогне. Несреќниот возач бил толку скршен поради целата ситуација, што започнал да се тресе и да липа од шок. Таткото на девојчето успеал да го контролира својот гнев и го прегрнал возачот, кој бил во целосен шок:


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Razões Para Acreditar (@razoesparaacreditar)


– Не беше момент за кавга и борба, тоа беше момент кога на сите ни требаше поддршка и утеха. Ја видов искреноста во неговите очи, дека тој е тажен од длабочините на душата – рекол несреќниот човек чија ќерка настрадала.
– Нема што да ти простам. Дали го удривте моето дете затоа што сакаше Не! Вие тоа го направивте од небрежност, тоа беше комбинација на несреќни околности. Сè што сега барам од вас е да се молиме заедно за ќерка ми – додал тој.
Бразилските медиуми објавија дека девојчето се опоравува, како и дека е надвор од животна опасност.

Фото: Принтскрин/Instagram /razoesparaacreditar Veri

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …