(ВИДЕО) Сопственичка на ресторан ја славела смртта на кралицата Елизабета, луѓето фрлале по неа со јајца

ЏЕКИ ПИКЕТ, сопственичка на ресторан за риби и компирчиња, која ја прославила смртта на кралицата со прскање шампањ и танцување, била гаѓана со јајца од гневни Британци, а полицијата морала да интервенира за да ја спаси од линч, пишува Mirror.
Пикет на својот Фејсбук профил објавила видео на кое може да се види како држи знак „Лиз Лизард е мртва. Лондонскиот мост падна“ додека танцува и слави, привлекувајќи голема толпа незадоволни демонстранти кои сакале да се пресметаат со неа.


Полицајците биле принудени да го затворат ресторанот поради загриженост за безбедноста на сопственичката и ја однеле дома додека насобраната толпа гласно исвиркала.
Луѓето ветија дека ќе ја исфрлат надвор од градот во наредните недели, објавил The Press and Journal.
Во меѓувреме Пикет го избришала видеото од социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …