(ВИДЕО) Солзи и кај жирито: Со својата животна приказна и талент, овој човек никого не оставил рамнодушен!

„На овој свет му се потребни повеќе мажи како тебе…”
Сајмон Кауел, најстрогиот член на жирито „Америка има талент“ бил видно потресен со изведбата на Мајкл Кетерер пред неколку дена.
Младиот музичар го добил златното копче уште на аудицијата, откако открил дека има посвоено 5 деца, три од лабораторија за метамфетамин, едно од домот за без родители и едно со церебрална парализа.
Каул не може често да се види дека е потресен, но после настапот на Кетерер, кој ја отпеа песната “US” од Џејмс Беј, Кауел не можел да ги сопре своите солзи.
„Како татко… Не можам да замислам што си направил. Фактот дека си во ова шоу и ти е потребно ова и навистина си посебен, посебен тип. Има нешто во тебе“, рекол Кауел.
„Сајмон, ова е еден од најубавите моменти од тебе во кои сум те видела. Таа ранливост, таа убавина. А тоа е нешто што многу луѓе не го знаат за господинот Кауел“, се вклучила Тајра Бенкс.
Секако и останатите членови од жирито останале воодушевени од неговиот талент и животна приказна, а Хајди Клум била повеќе од јасна кога изјавила: „На овој свет му се потребни повеќе мажи како тебе”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …