Две македонски копродукции „Височините“ и „Скршено“ во Кинотеката на Македонија

Две македонски малцински копродукции, бугарско-македонската копродукција „Височините“ (Heights) во режија на Виктор Божинов и албанско-италијанско-бугарско-македонската филмска копродукција „Скршено“ (Broken) во режија на Едмонд Будина на 3 и 4 септември од 20 часот ќе бидат прикажани во Кинотеката на Македонија. Двата филмови се во дистрибуција на „Узенгија“ од Скопје.
Играниот филм „Височините“, во режија на Виктор Божинов ќе биде прикажан на 3 септември. Филмот е инспириран од истоимениот роман на Милен Русков, кој во 2016 година ја доби престижната награда Европски роман на годината. Филмот беше на прво место на бугарскиот бокс офис лани со 150.000 гледачи во киносалите. Филмот е работен по сценарио на Милен Русков, Нели Димитрова и Виктор Божинов, кој воедно е и режисер на филмот. Во главните улоги се Александар Алексиев, Владимир Михаилов, Стојан Дончев, музиката е на Петар Дундаков, директор на фотографија е Антон Бакарски, монтажер на филмот е Нина Алтипармакова, а продуценти се Иван Дојков и Огнен Антов. Филмот е во копродукција помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, а малцински копродуцент во Македонија е „Дрим фектори“.


Приказната во филмот започнува во 1872 година. Младиот револуционер Гичо е со бандата на Димитар Обштиот. Гичо го носи со него Асенчо, млад пастир од селото
Жеревна, кој е страсно инспириран од активностите на претстојната револуција. Во инает на забраната издадена од Централниот револуционерен комитет, Димитар Обштиот со својата банда врши кражба на турски приходи од данок. По операцијата на кражбата на златниците, Димитар Обштиот му доверува на Гичо една посебна мисија, да испорача на рака писмо до главниот револуционер, познатиот Левски. Гичо ја прифаќа задачата со гордост и заедно со Асенчо тргнуваат на пат кон Височините да го најдат Левски, кој секогаш се чини дека е ден пред нив.
„Скршено“ е нискобуџетен филм, а малцински копродуцент од Македонија е „КТ филм и медиа“ . Во главните улоги настапуваат: Едмонд Будина, Лаерт Васили, Никола Ламбро, Сирја Меке, Ола Харизај, Сотирак Братко, Или Трајче, Ракеле Ларо, Анза Рочи. Содржината на филмот.


Приказната во филмот се врти околу Јани Буди, откако излегува од затвор во Анкона, се качува на брод да се врати во својата татковина – Албанија. Потоа се качува на воз до Тирана и додека патува не го препознава пејзажот. Шета по улица која е исто така многу променета и доаѓа до својата стара куќа која ја нема видено 18 години. Од своите стари соседи ја дознава шокантната вистина: неговата сопруга починала откако бил уапсен, а син му Анди станал богат и корумпиран политичар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …