(ВИДЕО) Софче Џорлева во „Никогаш не е доцна:„Кога дојде брзата помош да ме земе, синот плачеше, и јас му реков: ‘Не плачи сине, треба да одам кај Жика да пеам. Сè уште не умрев’”

Во најновото издание на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ се претстави и Софче Џорлева (58) од Скопје, која на големата сцена призна дека и е драго што ги гледа сите и дека успеа да ја победи короната.

„Не очекувам финале, фала му на Бога што само ја преживеав оваа корона. Бев во болница 15. дена. Сè уште се навикнувам и земам лекови, но добро. Кога дојде брзата помош да ме земе, синот плачеше, и јас му реков:’Не плачи сине, треба да одам кај Жика да пеам. Сè уште не умрев’”, рече Софче и предизвика аплаузи. На Милица Тодоровиќ веднаш и се допадна Софче и и рече дека би сакала да биде таква кога ќе биде на нејзини години.

„Позитивно сме луди и тоа е добро за шоу-бизнисот и добро за сцената“, рече Милица.
Софче ја избра песната „Ја те песмом зовем“ од Ханка Палдум, која обожава да ја пее со пријателите кога оди во кафеана.
„Софче, имаш мрсна боја на гласот. Ми се допаѓа, пееш од срце и си многу сигурна. Сè пукаше од енергија. Браво”, рече Милица. На сцената и се придружи Небојша Војводиќ, со кого ја отпеа песната „Тамбураши тихо свирете“, што го допре срцето на сите.


Инаку, Софче на својот Фејсбук профил им за заблагодари на сите кои ја гледале и и’ пратиле коментари за поддршка, па уште еднаш ги повика да гласаат за неа ако сакаат да ја гледаат повторно во полуфинале.


ФОТО:ГРАНД.ОНЛАЈН/НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА


Извор:vistina.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …