(ВИДЕО) Со помош на детектор за метал пронашол злато во вредност од 150.000 евра

Маж од Австралија со помош на евтин детектор за метал успеал да пронајде камен тежок 4,6 килограми, во кој имало злато вредно 130.000 фунти или околу 150.000 евра.
Мажот го пронашол каменот во златните полиња на Викторија, кои биле епицентар на златната треска во Австралија во 19 век.
Дарен Камп, кој ја проценил и купил грутката, вели дека тоа е најголемиот што го видел во неговата 43-годишна кариера.


„Бев едноставно шокиран. Тоа е откритие што се случува еднаш во животот“, реколтој, додавајќи дека човекот од кого го купил каменот му рекол дека тоа е само половина од она што го нашол.
Камп додава дека во каменот имало 2,6 килограми злато.
Според Би-Би-Си, иако ваквите откритија се ретки, се проценува дека Австралија ги има најголемите резерви на злато во светот, а многу од најголемите грутки во светот се пронајдени токму во Австралија.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …