(ФОТО) ЗАЕДНО ИМААТ СИН – Се сеќавате ли на Џада и Лукас од популарната серија „Забранета љубов“? Вака изгледаат денес

Се сеќавате ли на серијата со оригинално име „O Clone“ која на нашите простори се емитуваше во 2002 и 2003 година под името „Клон“ (Забранета љубов).

This image has an empty alt attribute; its file name is klon-1.jpeg
Оваа бразилска серија потоа се емитуваше низ светот, а беше проследена и на нашите простори. Посебно внимание привлече актерката Џована Антонели, која тогаш ја играше улогата на убавата Џада која се заљубува во човек од друга вера – Лукас, кој го игра Мурило Бенисио.


Она што е интересно е дека Антонели и Бенисио се заљубиле во реалниот живот и во 2005 година го добиле синот Пјетро, ​​кој сега има 17 години и се занимава со пеење. Иако славниот пар повеќе не е заедно, сепак се во добри односи.

View this post on Instagram

A post shared by Giovanna Antonelli (@giovannaantonelli)


Џована Антонели има 47 години и се уште успешно глуми. Таа е во врска со бразилскиот режисер Леонардо Ногуеира, со кој има уште две девојчиња, Софија и Антонија, кои се 12-годишни близначки. Таа е многу активна на Инстаграм, каде ја следат околу 19 милиони луѓе.


Покрај улогата на Лукас, Мурило Бенисио играше уште два лика, Диого и Лео, во серијата. Денеска има 51 година и важи за еден од најдобрите актери во Бразил. Покрај телевизиските улоги, тој се покажа и како театарски актер. Нема многу информации за неговиот приватен живот, освен дека го има синот Антонио, кој го доби со актерката Алесандра Негрини.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …