(ВИДЕО) Со Голф на автопат возел 245 км/час а потоа во лентата „му влегла“ Шкода

СИТЕ знаат дека како што се зголемува брзината, така и времето достапно за реакцијата пропорционално се намалува. Сепак, многумина сè уште возат брзо, многу брзо.
Германскиот Автоба на некои делови нема ограничување на брзината, но тоа не значи дека не е потребна претпазливост. Ова го доживеал возачот на Голф ГТИ на неговата кожа, кој се „зацементирал“ во левата лента и возел со скоро полна брзина.
Игнорирајќи го околниот сообраќај, тој не започнал веднаш да забавува дури и кога Шкода влегла во неговата лента. Со скоро 230 км на час, тој прв решил да трепка со долги светла и дури кога видел дека судирот е неизбежен, започнал да кочи. Контактот навистина се случил, но со оглед на се’ со минимална штета. На двата автомобили, им се оштетени страните на возилата, а ќе треба да ги заменат и ретровизорите. Нема сомнение чија е вината, но сепак, оваа ситуација потврдува дека дополнителната претпазливост никогаш не е излишна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …