(ВИДЕО) Снимена ликвидацијата на напаѓачот во Авињон

Пред црквата Нотр Дам во Ница, Франција, се случи напад во кој најмалку три лица го загубиле животот, а неколку биле повредени. Два часа подоцна, се случил уште еден напад во Авињон, за кој се верува дека е терористички, кога маж ја нападнал полицијата со нож, која потоа го застрелала.
Случаен минувач го забележал моментот на ликвидација на напаѓачот од Авињон.
Полицијата пукала во човек кој извикувал „Алаху Акбар“ во Авињон, на југот на Франција.
Инцидентот се случил само неколку часа откако во четвртокот наутро кога три лица беа убиени во базиликата Нотр Дам во Ница.

Локалната полиција во Авињон потврди дека тие отвориле оган во 11.15 часот по локално време откако маж им се заканувал на минувачите со нож. Нема пријавени други жртви.
Во инцидентот, наводно, и се заканувал на полицијата. Нејасно е дали инцидентите во Авињон и Ница се поврзани.
Според раните извештаи, се верува дека човекот има турско потекло.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …