(ВИДЕО) Шварценегер со својот тенк од 50. тони минал преку луксузна лимузина и потполно ја уништил

Терминатор за потребите на емисијата “Garage Thursday” со водителот Џеј Лено седнал во неговиот тенк марка “M-47 Patton” од 1951. година
Лимузината немала никакви шанси против тенкот од 50. тони со кој управувал легендарниот “Терминатор”.
Арнолд Шварценегер повторно е во центарот на вниманието, а со новата снимка потсетил на деновите кога уништувал работи додека снимал акциони филмови. Имено, легендарниот Терминатор за потребите на емисијата “Garage Thursday” со водителот Џеј Лено седнал во неговиот тенк марка “M-47 Patton” од 1951. година, а потоа со ова воено возило минал преку луксузната лимузина. И секако, ја уништил целосно.
Арнолд во емисијата објаснил дека неговиот тенк е истиот што го користел додека служел војска во Австрија во далечната 1965. година. За ова воено возило да се пренесе од Австрија во Америка, Шварценегер во 1991. година платил 20.000 долари.
Инаку, тенкот е тежок 50 тони.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …