(ВИДЕО) Што одговори Дарио на коментарите за високите цени на билетите?

Дарио Панковски ќе одбележи 40 години музичка кариера со ексклузивен концерт во Филхармонијата на 17 февруари. Дарио ќе го придружува неговиот некогашен бенд „Миг-21″, со кој ги сними првите два албума во почетокот на 1990-ите. Еден од најпопуларните македонски поп пејачи, кој ја почна кариерата во групата „Бон-тон”, има објавено и четири соло албуми, како и еден во живо.

Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии.
Цената на билетите е 1 200 денари и ВИП 1 500 денари, а по објавување се крена голема прашина, лавина на коментари а најчести се дека билетите се скапи за наши стандарди.


Естрадниот магазин Бекстејџ го покани токму Дарио со цел да добие одговор на тоа дека билетите се скапи,што одговори во продолжение:


Фото: Принтскрин/YouTube.backstage

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …