(ВИДЕО) Шпанска пита на баба

Одлична е со кисело млеко или јогурт или како додаток на јадење…
Потребно е:
3 јајца
200 мл јогурт
100 г бело брашно
100 г пченкарно брашно
150 г шунка
200 г сирење
4 кисели краставички
1 кисела пиперка
1 кесичка прашок за печиво
50 мл масло
Подготовка: изматете ги јајцата и додајте го пченкарното брашно, белото брашно исејте го
заедно со печивото и вмешајте во смесата, а потоа дајте јогурт, сечкано сирење и
краставички, пиперка и шунка, и на крај маслото. Се’ убаво измешајте и префрлете во тава
покриена со хартија за печење или намачкана со масло и наросена со брашно.
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 50. минути.
За време на печењето, по потреба, покријет со хартија или фолија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …