(ВИДЕО) Се обиделе да ја киднапираат а таа ги прегазила и избегала!

Во Мексико киднапирањата се секојдневна појава, а на нив не се имуни ниту најбогатите.
Еден од последните обиди за киднапирање снимила камера, а покажува драматична борба на возачка со бројни и со сила понадмоќни грабнувачи. Снимката покажува возачка на скапоцен СУВ на Мерцедес која во рикверц се паркирала во гаражата. И, токму кога вратата почнала да се затвора, дошол друг СУВ, од кого излетале четворица и се втрчале во гаражата. После неколку секунди исчекување можеме да го видиме Мерцедесот како излетува од гаражата, ги гази грабнувачите и удира во нивниот теренец.
Возачката притоа останала присебна да го исправи возилото, да уфрли во брзина и да замине. Грабнувачите очигледно останале збунети и единствено што можеле да направат е да влезат во удрениот автомобил и да избегаат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …