(ВИДЕО) Руската телевизија ненадејно го прекинала говорот на Путин на стадионот „Лужники“. Погледнете го видеото!

РУСКАТА државна телевизија неочекувано го прекинала преносот во живо од говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион и продолжила да емитува снимки од публиката која пее патриотски песни.
На стадионот „Лужники“ во Москва, Путин ја одбележал годишнината од заземањето на Крим пред толпата навивачи. Насобраните вееле знамиња и скандирале „Русија, Русија“ додека тој држел говор.


Додека Путин сè уште зборувал, телевизијата одеднаш се префрли на друг кадар. Не е јасно зошто ова се случило.
Рускиот претседател ги пофалил војниците, за кои рекол дека продолжиле херојски да се борат во Украина. Тој зборувал и за тоа дека Русија се обидува да го обнови Крим, кој го анектираше во 2014. година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Монодрамата „Кармен“ утревечер во Драмскиот театар во Скопје

На 11 декември 2024 година, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, …