(ВИДЕО) Роберт де Ниро ја објавил првата фотографија од новородената ќерка: Го открил и името!

Роберт де Ниро неодамна ги изненади сите кога откри дека на 79 години станал татко по седми пат.
Актерот веста ја соопштил во интервју кога одговарајќи на прашање додека промовирал нов филм, коригирал новинар кој рече дека има шест деца, а Де Ниро нагласил дека станал татко по седми пат.
Сега ја откри првата фотографија од својата новородена ќерка со девојката Тифани Чан, инструкторка по боречки вештини, и го откри нејзиното име, девојчето се вика Џиа Вирџинија Чан Де Ниро.


Роберт има две деца: Дрен (51) и Рафаел (46) со поранешната сопруга Дајан Абот. Со втората сопруга Грејс Хајтауер, од која се разведе во 2018 година, има уште две деца: Елиот (25) и Хелен (11). Тој е татко и на близнаците Арон и Џулијан (27) со поранешната девојка Токи Смит.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …