(ВИДЕО+Рецепт) Вечерно дружење со омилената серија и омилените солени мафини!

Има ли подобро нешто од вечер поминатa во домашен амбиент со нов филм или нова епизода од омилената серија?! Ако немате листа со филмски наслови што ја дополнувате со препораки од пријателите, би можеле да ви го олесниме изборот со неколку тематски предлози.
Можете, на пример, да одберете филм со вашиот омилен актер, актерка или режисер, едноставно впишувајќи го името на познатиот филмски сајт IMDB каде се содржани сите филмови од кариерата на тој лик. Или организирајте вечер на Оскари, па бирајте само филмови кои добиле Оскар за најдобар филм низ годините. Интересна опција за избор се филмови што обработуваат теми поврзани со историски настани, базирани на вистинити приказни, биогарфии или едноставно филмови со зборот што во насловот го содржат зборот – љубов.
Но, што би била филмска вечер без солени грицки?! Кога веќе ви помогнавме околу изборот на филмот, дозволете ни да ви препорачаме и вкусна и здрава замена за популарната, но нездрава занимација пред ТВ. Да ги замените нездравите грицки со вистинска солена закуска, по ваш вкус.
Ви предлагаме пица мафини Фантазија. Потребни ви се неколку состојки и само триесетина минути за подготовка, а резултатот е вкусен оброк за целото семејство.
Погледнете го видеото со целата подготовка на мафините.


Ако не ви се погоди филмот, барем бидете сигурно дека сте си го погодиле вкусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …