(ВИДЕО) ПРВ ПАТ во Европа: Двојка се вселила во ПРИНТАНА КУЌА – Еве како сега им изгледа животот!

Пилот проект на иднината
Елиз Лук и Хари Декерс од Холандија се првиот пар кој се преселил во куќа отпечатена со 3Д машина за бетон.
Продавачите од Амстердам добиле дигитален клуч, апликација што со притискање на копчето ја отвора влезната врата од двособен бунгалов, пренесува Гардијан.


Двојката изјавила дека во куќата се чувствува сигурно.

Луѓето кои го поддржуваат овој проект наведуваат дека ќе отворат можност светот да ги обликува куќите на иднината според нивните желби.


Новата куќа се состои од 24. бетонски елементи кои биле отпечатени слој по слој во Ајндховен пред да бидат пренесени со камион до местото на склопување.

Потоа биле додадени покривот и прозорците и биле извршени завршните работи на куќата од 94. квадратни метри.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …