(ВИДЕО) ПРЕЖИВЕАЛ ПЕКОЛ НО НЕ И КОРОНА – ПОЧИНАЛ СОВЕТСКИТ ХЕРОЈ КОЈ ИМАЛ ТЕШКА ЗАДАЧА ПОСЛЕ ХАВАРИЈАТА ВО ЧЕРНОБИЛ: Она што го направил неговиот тим е запишано во историјата!

Познатиот советски пилот Николај Антошкин, кој се прослави во отстранување на последиците од нуклеарната несреќа во 1986 година во централата во Чернобил, почина. на 78-годишна возраст во неговиот дом.
Генералот Антошкин командувал со операцијата што требало да го запечати нуклеарниот реактор број 4, кој експлодирал и довел до една од најголемите нуклеарни катастрофи во историјата, во украинскиот град Припјат.
Во операцијата биле вклучени 100. хеликоптери кои имале задача да прелетаат над реакторот, од кој се ослободила огромна количина на зрачење, и да се покрие со песок, хемискиот елемент бор и други супстанции, со што се спречува понатамошно истекување на радијација.


Целиот потфат траел две недели, а генералот Антошкин и другите пилоти свесно се изложувале на зрачење и чад што се појавувал по разорната експлозија. Екипите биле составени од воен персонал, но и цивили.
Тие исфрлиле околу 5.000 тони материјал во текот на две недели во обид да го изгаснат пожарот и да спречат радијацијата да се шири понатаму низ цела Европа. Еден од хеликоптерите се урнал откако удрил во кран.
Кога го извршил првиот лет, генералот рекол дека почувствувал скокоткање во грлото и неверојатна потреба за повраќање. По операцијата, хеликоптерите биле исклучително радиоактивни, па некои од нив подоцна биле закопани.
Како што се наведува, 28. учесници во операцијата починале од последиците од зрачење во следните денови или недели.


Антошкин имал среќа, и во следните 30. години работел во руското воено воздухопловство. Тој исто така бил член на рускиот парламент како член на владејачката партија Обединета Русија.
После катастрофата, повеќе од 100.000 луѓе биле евакуирани, а целата област сè уште е оградена и не е предвидена за живот.
Во несреќата загинаа двајца работници на електраната, а 134 лица беа хоспитализирани, иако бројот на оние што почувствуваа ефекти на зрачење врз нивната кожа никогаш нема да може точно да се утврди.
Руските медиуми објавија дека генералот Антошкин починал на 17. јануари по сериозно боледување, а според некои наводи тој страдал од коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …