(ФОТО) ДЕВОЈЧЕ (4) ПРОНАШЛО ОТИСОК ОД СТАПАЛО НА ДИНОСАУРУС: Несекојдневно откритие во Велс, научниците оптимистични по прашањето на новите сознанија!

Четиригодишно девојче пронашло добро сочувано стапало на диносаурус на плажа во заливот Бендрикс, во долината Гламорган во Велс.
Научниците веруваат дека тоа може да им помогне да откријат како оделе тие животни.
Отпечатокот што девојчето Лили Вајлдер го забележало во петокот, е старо 220 милиони години и било зачувано во калта.
Иако е невозможно да се утврди кој вид диносаурус го оставил, стапалото е долго 10 сантиметри и веројатно потекнува од диносаурус висок 75 сантиметри.
Кустосот за палеонтологија во велшкиот Национален музеј, Синди Хауелс, го опишала како најдобриот примерок некогаш пронајден на таа плажа, како и во цела Британија.
Мајката на девојчето Сали објаснила дека таа и нејзиниот татко Ричард го откриле стапалото и го фотографирале, а потоа стапиле во контакт со експерти.
Диносаурусот, кој оставил свој белег, се смета за витко животно што одело на неговите две задни нозе и активно ловел други мали животни и инсекти.

Се смета дека примероците претходно пронајдени во заливот Бендрикс се повеќе на влекачи од типот крокодил отколку на диносаурусите.
Фосилот бил отстранет оваа недела и однесен во Националниот музеј во Кардиф, каде што ќе се чува.
Диносаурусите првпат се појавиле пред околу 230 милиони години, а нивните стапала може да ја расветлат раната точка на нивната еволуција, кога различните групи за првпат се диверзифицирале.
„Нивното зачувување може да им помогне на научниците да научат повеќе за реалната структура на стапалата, бидејќи е доволно јасно за да се покажат индивидуални перничиња, па дури и отпечатоци од канџи“, се вели во соопштението на Националниот музеј на Велс.

Фото:Тwitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …