(ВИДЕО) Познати деталите околу „Евросонг 2021“ во Ротердам!

Предвидено е дека земјите учеснички ќе бидат претставувани од истите изведувачи
Како што е познато од претходно, „Евросонг“ ќе се одржи во Ротердам, Холандија, во 2021 година, кој требаше да биде домаќин оваа година, но гламурозниот настан беше откажан поради пандемијата на корона вирус. Сега е познато дека полуфиналето на најголемото европско музичко натпреварување следната година ќе биде на програмата на 18. и 20. мај, додека последната вечер е на 22. мај. Местото е непроменето – „Ахој Арена“.


Холандија ќе биде домаќин на натпреварот за најдобра европска песна, како што беше првично планирано, откако Данкан Лоренс победи на Евровизија во 2019 година со песната „Аркада“.


Патем, следната година најмалку 17. земји ќе ги испратат своите претставници во Ротердам, каде ќе се борат за натпреварот за песна на Евровизија. Сепак, правило е учесниците да мораат да изведат нова песна, а не онаа што ги доведе до овој натпревар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …