(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ЈА САКА МЕГАН – СЛАВНАТА ГЛУМИЦА ЈА ВРТЕЛА ГЛАВАТА И ГИ ИГНРОРИРАЛА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ: Еве зошто!

Многумина и порачале дека треба да работи на нејзините манири и бонтон
Како што може јасно да се види од видеото објавено од Дејли Меил, но и неколку фотографии, холивудската актерка Пријанка Чопра, исто така добра пријателка на Меган Маркл, толку очигледно го игнорирала појавувањето на војводата и војвотката од Кембриџ, што јавноста нема лесно да и прости!
Видеото, кое веднаш стана вирално, ја покажува 38-годишната индиска актерка кога, во моментот кога целата ВИП-ложа на Вимблдон аплаудира на доаѓањето на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, само неколку редови пред неа, таа го игнорира тој дел несмасно заплеткана околу свиленара марама што ја имала околу вратот.
На многу други фотографии, јасно е видливо како Пријанка ја врти главата и на балконот на главниот терен, додека тие се движеле кон ВИП делот по финалето на жените.


Многумина веруваат дека ова е всушност одговорот на Пријанка Чопра на однесувањето на кралското семејство кон нејзината пријателка Меган, поточно на делови од нејзиното интервју со Опра Винфри, во кое војвотката од Сасекс не била љубезна кон нејзината јатрва. Да потсетиме, Меган во големото интервју тврдеше дека Кејт ја повредила и ја расплакала само неколку дена пред венчавката, а Пријанка очигледно добро се сетила на тоа.
Поради сè, социјалните мрежи веднаш се вжештија, а многу корисници на истите тврдеа дека Пријанка треба да работи на нејзините манири, но и на бонтонот.
Инаку, Меган и Пријанка станаа пријатели во јануари 2016 година по вечерата што ја одржа магазинот „Ел“, а на кој се собраа жените од телевизискиот бизнис. После тоа, тие станале прилично блиски и го продолжиле контактот со е-пошта и пораки. Познатата индиска актерка дури била поканета на кралската венчавка во мај 2018 година, но Меган не одговори на поканата за нејзината венчавка со Ник Џонас.
Поради тоа, наводно навредена, Пријанка одбила да оди на забавата за дарувањето на бебето на Меган Маркл која се одржа во Њујорк.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …