(ВИДЕО) ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА МАЖ КОЈ  ЕДЕН МЕСЕЦ БИЛ НА РЕСПИРАТОР – Имал 1% шанси да преживее:„Поради корона останав без прсти!“

ГРЕГ Гарфилд поминал 64. дена во болница во Калифорнија, откако се заразил со корона вирусот на скијање во Италија, во февруари.

Неговите симптоми брзо се влошиле, тој поминал околу еден месец на респиратор, а лекарите му давале еден процент шанса за преживување! Тој, како што рекол самиот, имал разни компликации предизвикани од вирусот на корона, вклучително и сепса, откажување на бубрезите, откажување на црниот дроб, белодробна емболија.
Требало да му се ампутираат сите прсти од десната рака и повеќето од левата страна.
„Моите раце никогаш нема да бидат исти. Повеќе немам прсти. Ова може да ви се случи и на вас“, рекол тој откако во мај бил пуштен од болницата.
Д-р Дејвид Кулбер вели дека прстите требало да се ампутираат бидејќи вирусот исто така го нападнал крвотокот.
„Ковид влијае и на кардиоваскуларниот систем, така што практично влијае на протокот на крв. Затоа некои млади имаат мозочен удар, и затоа честопати им се даваат антикоагуланси“, објаснил тој.


Инаку, формирањето на згрутчување на крвта се препознава како еден од симптомите на инфекција со вирусот корона, што предизвикува компликации во рацете, стапалата, белите дробови, срцето, мозокот и кожата на пациентите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …