(ФОТО) Бочели предизвикал лавина од реакции: Иако преболел корона верува дека пандемијата е измислена, а децата му рекле да „се држи до оперите“!

Познатиот италијански тенор Андреа Бочели, иако бил заразен со коронавирус, се сомнева дека пандемијата е сериозна и ја нарекува „таканаречена“…
„Знам многу луѓе и фала му на Бога, не познавам никого кој заврши на интензивна нега. Значи, каде е целата тежина на ситуацијата“, рекол тој на конференцијата во италијанскиот Сенат.
61-годишнаиот оперски пејач, која се борел со коронавирусот во март, но имал слаби симптоми, исто така рекол дека ја прекршил одлуката за карантин „затоа што не му изгледало праведно и здраво“ да го присдилуваат да остане дома.
„Кога бев лишен од слобода да излезам од дома, иако не сторив кривично дело, се чувствував понижено и навредено“, рекол тој, додека зборувал без маска.


Тој рекол дека неговите размислувања за коронавирусот се контроверзни и во неговото семејство и дека децата го предупредувале: ‘Тато, држи се до ‘Тоска’ и ‘Madam Butterfly’ затоа што немаш поим за вирусот“.
Бочели учествуваше на настанот организиран од Виторио Сгарби, десничарски сенатор и уметнички критичар, чии негативни погледи за коронавирусот се добро познати.
Ставовите на тенорот предизвикале бура од реакции. Федез, италијански рапер кој собрал 4,5 милиони евра за единици за интензивна нега во Италија, го критикувал Боцели.
„Ако не знаете некој кој е на интензивна нега и се осмелувате да го ширите сомнежот дека е измислена пандемија, ќе ве запознаам со мојот осумнаесетгодишен пријател кој имаше трансплантација на белите дробови“, напиша на Твитер.



Она што било речено на конференцијата „нема научна основа“ и има „елементи на очигледна опасност“, рекол Масамо Гали, шеф на одделот за заразни болести во болницата Сако во Милано, за АНСА.
Министерот за здравство Роберто Сперанца за РАИ изјавил дека е клучно да се почитуваат трите правила – носење маски, социјално растојание и миење на рацете. Италија се соочи со голема криза, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, во март и април. Сепак, пандемијата сега е многу послаба и Министерството за здравство во вторникот објавило дека коронавирусот е потврден кај 181 лица во последните 24 часа, додека 11. починале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …