(ВИДЕО) Потешка несреќа одамна не сме виделе – возачот преживеал, се јавил…

Снимките од сообраќајот често пати можат да бидат забавни и поучни, но понекогаш се застрашувачки сцени со жртви.
Многу ќе се замислите за овој случај, а некои дури ќе имаат чувство на вина што го гледаат. Добрата вест е дека возачот преживеал.
Подолу можете да видите снимки од кабината на камион кој патува со брзина од околу 100 км/ч на двонасочен пат со две ленти одделени со физичка бариера. По искачувањето, патот се стеснува во една лента, а потоа во еден момент свртува нагло надесно, веројатно откако возачот видел Nissan во ретровизорот како доаѓа со голема брзина.
Nissan 350Z се лизнал настрана се до сообраќајниот знак од десно, а потоа удира во земјена бариера и исчезнува во прашината. Но, тој не застанува тука, туку во еден момент се враќа на патот со неколку превртувања. Камионот застанува, а за жал и видеото.


Малку подоцна, на Фејсбук се појавила објава на возачот и сопственикот на Нисан, во која известуваат дека тој и совозачот се добро.
“Не денес, сатано, не денес. Ќе мораш да чекаш да ме фатиш. Се превртев 3-4 пати. Само што излегов од болница. Ренген снимките се чисти. Само мала рана”, напишал возачот.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …