(ВИДЕО) Порака за младите: Во овие 40 секунди ќе сфатите каков хорор е коронавирусот ако не ги почитувате мерките!

Дел од коментарите се дека ова видео е многу морбидно и брутално. Останатите коментираат дека ова е единствен начин да се допре до младите!
Предизвикот на сите држави е да пронајдат соодветен начин да се допре до младите и до нивната свест.
Мариано Урало, социолог од мадридскиот универзитет, тврди дека укинувањето на карантинот младите го сфатиле како враќање на слободата. Градските власти на Мадрид снимиле видео со цел на младите да им покажат и да ги убедат дека коронавирусот мора да го сфатат сериозно.
Видеото почнува со кадар на група млади луѓе кои пијат пиво во еден бар и притоа играат во ноќниот клуб.
Во следната сцена се гледа пациент на респиратор, а завршната сцена прикажува крематориум.
Дел од коментарите се дека ова видео е многу морбидно и брутално. Останатите коментираат дека ова е единствен начин да се допре до младите!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …