Бертолучи бил најпознат како режисер на филмовите „Последно танго во Париз“ и „Комформист“, а за своите филмски достигнувања освојувал многу награди…
Италијанскиот сценарист и режисер, Бернардо Бертолучи, починал на 78. години во Рим. Неговата гласноговорничка за медиумите потврдила дека починал после куса борба со ракот.
Бертолучи бил најпознат како режисер на филмовите „Последно танго во Париз“ и „Комформист„ а за своите дела освојувал многу награди меѓу кои и два Оскари за режија и сценарио во филмот „Последниот кинески цар“. Овој класик на италијанскиот режисер освоил дури девет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.
Со филмот „Последно танго во Париз“ од 1972. година одбележал нов тренд на италијанската кименатографија. Филмот кренал голема прашина со сцената на секс помеѓу Марлон Брандо и Марија Шнајдер. Поради наводната порнографија во филмот, биле уништени сите копии. Бертолучи успеал да скрие една копија и после скандалот повторно го издал филмот.
Глумицата Марија Шнајдер за медиумите рекла дека во сцената на секс се чувствувала силувана, а на обвинувањата реагирал и самиот Бертолучи.
„Би сакал, последен пат, да го разјаснам смешното недоразбирање во врска со филмот ’Последно танго во Париз’, за кој сите пишуваат во последно време. Сакавме да добиеме некоја спонтана реакција на користење путер за кој не беше информирана дека ќе го користиме. Некои мислеа, а и понатаму мислат, дека Марија не била запознаена со насилството во таа сцена. Тоа е погрешно. Марија се’ добро знаеше бидејќи го прочита сценариото во кое беше се опишано“, тврдел режисерот за медиумите.
На Бертолучи на 64. венецијански филмски фестивал му бил доделен и’ Златен лав за животно дело,. А, во 2008. година добил и своја ѕвезда на патеката на славните.