(ВИДЕО) По средбата со семејствата на загинатите во сообраќајот, градоначалничката пијана седнала зад воланот

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ја признала вината, но како и многу наши политичари и таа нема намера да поднесе оставка.
Карен Вилијамс, градоначалничката на Редленд, Австралија, моментално е под тешки критики откако со својот автомобил удрила во дрво додека била под дејство на алкохол. Работата да биде уште полоша, несреќата се случила веднаш откако таа била домаќин на состанок со семејствата чии членови загинале во сообраќајни несреќи предизвикани од пијани возачи.
Градоначалничката на таа средба изјавила дека „мора да се ослободиме од алкохолот зад воланот“ Таа 10-годишна затворска казна за тинејџер кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која млад пар и нивните неродено дете беа убиени, ја нарекла „очигледно несоодветно“. Не долго потоа, како што подоцна признала, испила „неколку чаши вино“ и „згрешила што седнала зад воланот“, пренесува 7News Australia.

Градоначалничката нема намера да поднесе оставка. „Направив грешка, научив од тоа и сега ќе продолжам да и служам на заедницата како што правев во последните 18. години“, изјавила Вилијамс за ABC News.
Членови на група која се бори против алкохолот во сообраќајот изјавиле дека повеќе немаат доверба во градоначалничката, но се среќни што таа не убила никого. Тие бараат од градоначалничката да преземе одговорност и да си поднесе оставка, но очигледно тоа нема да се случи.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …