(ВИДЕО) По само две недели од прикажувањето, хит филмот се заканува да достигне најголема заработка во историјата

Филмот „Avatar: Path of Water“ достигна 1 милијарда долари само неколку дена откако се појави во кината ширум светот.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Avatar: The Way of Water (@avatar_the.way.of.water)



Продолжението на најуспешниот филм на сите времиња од 2009 година, Аватар, беше премиерно прикажан на 16 декември и достигна граница од 1 милијарда долари по вториот викенд во кината. Така, за само 12 дена од прикажувањето, тој стана третиот филм со најголема заработка во годината, зад „Top Gun: Maverick“ и „Jurassic World: Dominion“.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Avatar: The Way of Water (@avatar_the.way.of.water)



Официјално ја проби магичната граница во понеделникот, а се верува дека „Аватар: Патот на водата“ би можел да ја надмине вкупната заработка од првиот филм, кој заработи 2,9 милијарди долари, што го прави филм со најголема заработка на сите времиња.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …