(ВИДЕО) Оваа снимка го покажува сиот ужас низ кој минуваат спасителите и децата на Тајланд!

Спасувачите во Тајланд имаат многу тешка задача пред нив, тесни и темни тунели низ кои треба да се провлечат само за да стигнат до децата заробени во пештерата. Враќањето е уште потешко.
Не само што мора повторно да поминат низ калливата вода и недостапни терени, туку и на површината да ги извлечат момчињата кои не знаат да пливаат. Ова видео покажува колку е опасен патот до површината.


Преку овие тунели, нуркачите до површината момчињата ги доведуваат врзани со јажиња. Досега, седум од нив се успешно изведени на површината, а во пештерата останале уште пет момчиња и нивниот тренер.
Акцијата за спасување ќе трае и’ утре, а дали ќе заврши до тогаш, зависи од брзината со која момчињата ќе бидат извлекувани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Потпишан е Меморандум за соработка меѓу НУ Македонски Народен Театар и ИУ Еуропа Прима

На вчерашната средба меѓу директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, и Ректорот на факултетот …