(ФОТО) Некому преубаво, некому застрашувачко: На 27. јули на небото ќе настане хаос!

Крвавата Месечина ќе предизвика најдолго затемнување во овој век. Во исто време, Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните петнаесет години и затоа ќе изгледа посветло од инаку…

Помрачувањето на Месечината или лунарна еклипса ќе се случи во ноќта од 27. јули на 28. јули и ќе биде најдолго затемнување во 21. век. Треба да трае еден час и 43. минути, а научниците велат дека тоа ќе биде највидливо во југоисточна Европа.
“Тоа е одлично! Ова е навистина извонредна и ретка можност да го видиме затемнувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два сјајни објекти и одлична можност за фотографите”, изјави за Ројтерс Роберт Меси од Британското кралско астрономско друштво.


„Крвавата Месечина“ ќе имаме можност да ја видиме на 27. јули


Помрачувањето ќе трае се’ додека Месечината е на една од најоддалечените точки од Земјата, па сенката ќе биде поголема отколку во текот на вообичаените затемнувања. Затоа, Месечината, поради ефектот познат како Рајлиева дисперзија (Rayleigh scattering), ќе изгледа особено црвено.
За оние суеверни, затемнувањето на Месечината сугерира апокалиптична катастрофа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Учениците во Виница со 59 балони и 16 минутен молк ќе ги испратат своите врсници

Со 59 балони и 16 минутен молк. Ученици од виничката гимназија „Ванчо Прќе“ се собираат …