Луксуз е да имате се’ под еден покрив…
Д -р Лорен од Нов Зеланд одлучила да купи мала куќа на тркала што може да ја преместува низ земјата. Така дошла до оваа мала куќа, долга 6 и широка 2,5 метри. Оваа куќа лесно се транспортира од место до место, така што оваа докторка ја преместува онака како што ги менува работните места низ целата земја.
Моментално е паркирана во лозје во сопственост на нејзиниот пријател. Се’ што и треба е врска со вода и електрична енергија и има се што и треба.
„Избрав ваква куќа затоа што можам својот дом да си го носам со себе. Освен тоа, јас сум повеќе во ваква природа. Еве, токму сега среде лозје”, рекла Лорен.
Куќата е направена од јапонски кедар, дрво кое „дише“, има многу прозорци што пуштаат големи количини светлина во домот. Интересно е и тоа што оваа докторка со синџири ја „врзала“ куќата на земја, бидејќи ја предупредиле дека местото е ветровито, па се плашеле дека ветрот ќе ја уништи нејзината куќа.
Куќата се состои од пространа дневна соба со кујна, мала бања и кревет кренат над покривот. Ѕидовите се бели, куќата е полна со светлина и растенија, а таваните се дрвени.
Топлата атмосфера зрачи од оваа прекрасна куќа, толку многу што ќе сакате да ја купите за себе.
Погледнете како изгледа:
Фото: Принтскрин/Youtube/ Living Big In A Tiny House