(ВИДЕО) Отворен е најдолгиот мост на светот – 55. километри преку море!

Кинескиот претседател Хи Јинпинг денес и’службено го отворил најголемиот мост во светот преку море, колосален проект кој ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина, во време кога Пекинг ја зацврстува власта во бившата британска колонија.
Во таа инфраструктура долга 55. километри се изменуваат долг мост (со пат) кој е над водата на делтата Бисерна река и подморски тунел.


Благодарение на вештачките острови и оријашките петљи се овозможува поврзување на хонгконшкиот остров Лантау на исток со бившиот португалски имот Макао и градот Зухаи, во покраината Гуангдонг на запад.
Мостот за сообраќај ќе биде пуштен во среда, ден после свеченото отворање.
„Службено го прогласувам мостот Хонг Конг – Зунаи – Макао за отворен“, рекол кинескиот претседател во кусата изјава на пригодната свеченост во Зухаи, после што на голем видео ѕид зад него била пуштена видео монтажа со огномет на големиот мост.
Претседателот на владата на Хонг Конг, Кери Лам, пред тоа му се заблагодарил на кинескиот претседател што дошол на свеченоста и го пофалил „величествениот изглед“ на мостот.
Изградбата на мостот започнала во 2009. година а ја одбележале пречекорување на роковите, пробивање на буџетот, обвинение за корупција и загинување на работници.
Властите очекуваат дека ова градителско чудо ќе ја поттикне трговијата благодарение на приближување на двата брега на каналот.
Но противниците проектот во Хонг Конг го гледаат како обид Пекинг да ја зацврсти власта во бившата британска колонија која на хартија има широка автономија благодарение на начелото „Една земја, два системи“ применет при нејзиното враќање под кинеска власт во 1997. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …