(ВИДЕО) Отпеаја неколку македонски песни, а сега испраќаат и поздрав на македонски: Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) едвај чекаат да дојдат во Скопје!

„Едвај чекаме да дојдеме во Скопје и заедно да ја отпееме „Море сокол пие”. Се гледаме на 11 декември во Македонска Филхармонија”, ова е пораката што на чист македонски јазик ја испраќаат членовите на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO).

Премиерната дружба со македонската публика е во рамките на јубилејната турнеја по повод десетгодишнината од формирањето на бендот. На чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), дел од BGKO се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).


Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие”, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче”, како и една тема од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Но, велат, подготвуваат и изненадување какво што моментот заслужува.

This image has an empty alt attribute; its file name is MEMBERS_PERE_HORIZONTAL_COLOR.jpg


„Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!”, велат членовите на БГКО.

Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс (https://mktickets.mk/event/barcelona-gipsy-balkan-orchestra), и тоа во три категории и по цена од 1000 и 1200 денари, како и 1500 денари за ВИП влезниците.


Линк од видео поздравот на македонски јазик:

А вака звучи нивната изведба на безвременската „Море сокол пие”:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …