(ВИДЕО) Откриена е првата планета слична на Земјата надвор од нашата галаксија

Досега се пронајдени речиси 5.000 егзопланети – светови кои орбитираат околу ѕвезди надвор од нашиот Сончев систем, но сите од нив се наоѓаат во галаксијата Млечен Пат. Астрономите пронајдоа знаци на првата планета слична на нашата откриена надвор од нашата галаксија.
Можен планетарен сигнал откриен од рендгенскиот телескоп на НАСА „Chandra X-Ray“ се наоѓа во спиралната галаксија Месија 51, која е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од Млечниот Пат.
Овој нов резултат се заснова на набљудување на транзитот, кога поминувањето на планетата пред ѕвезда блокира дел од светлината на ѕвездата и дава карактеристичен пад на осветленоста што може да се открие со телескопи. Оваа техника веќе е искористена за пронаоѓање на илјадници егзопланети.
Д-р Розен ди Стефано и нејзините колеги барале карактеристични отстапувања во осветленоста на рендгенските зраци добиени од одреден тип на објект во кој таа е позабележителна.
Овие објекти обично содржат неутронска ѕвезда или црна дупка што го пренасочува гасот од блиското Сонце, односно од ѕвездите. Помалите и поголеми небесни честички и друг материјал во близина на неутронска ѕвезда или црна дупка се прегреваат и испуштаат сјај на бранови должини на Х-зраци.
Бидејќи областа што произведува толку светли рендгенски зраци е мала, планетата што минува пред неа би можела да ги блокира повеќето или сите рендгенски зраци, што го олеснува забележувањето на транзитот.
Членовите на тимот ја користеа оваа техника за да откријат кандидат за егзопланета во бинарен систем наречен M51-ULS-1.
„Методот што го развивме и го применивме е единствениот моментално применлив метод за откривање планетарни системи во други галаксии“, изјавила за Би-Би-Си д-р Ди Стефано од центарот Харвард-Смитсонијан, оддел за астрофизика на Универзитетот Кембриџ во САД. „Тоа е уникатен метод, специјално прилагоден за пронаоѓање планети околу бинарни системи со рендген на кое било растојание од кое можеме да ја измериме кривата на светлината“, објасни д-р Ди Стефано.


Иден лов на планети
Овој бинарен систем содржи црна дупка или неутронска ѕвезда која орбитира околу својата ѕвезда чија маса е околу 20 пати поголема од масата на Сонцето. Неутронската ѕвезда е само јадрото на она што некогаш била масивна ѕвезда.
Транзитот траел околу три часа, при што емисијата на рендген била намалена на нула. Врз основа на овие и други информации, астрономите проценуваат дека планетата што е кандидат за егзопланета би била приближно со големина на Сатурн и би орбитирала околу неутронска ѕвезда или црна дупка на приближно двојно поголема оддалеченост од Сатурн од Сонцето.
Д-р Розен ди Стефано истакнува дека техниките кои биле толку успешни во пронаоѓањето на егзопланети на Млечниот Пат не се толку точни кога се применуваат на други галаксии. Ова е делумно затоа што долгите растојанија го намалуваат количеството светлина што доаѓа до телескопот, а исто така и затоа што многу објекти се тесни во мал простор (гледано од Земјата), што го отежнува разликувањето на поединечни ѕвезди.
Кога станува збор за рендгенските зраци, како што вели Розен ди Стефано: „Можеби има само неколку десетици извори распространети низ галаксијата, за да можеме да ги разделиме. Освен тоа, подгрупата од нив е толку голема што можеме да ги измериме нивните светлосни криви“.
„Конечно, огромната емисија на рендгенски зраци доаѓа од мала област која може значително или (како во нашиот случај) целосно да биде блокирана од планетата што минува низ неа“, истакнала д-р Ди Стефано.
Истражувачкиот тим признава дека се потребни повеќе податоци за да се потврди нивното толкување.
Еден од предизвиците е што големата орбита на планетата кандидат покажува дека таа нема повторно да премине пред својот бинарен партнер околу 70. години, што ги сведува на минимум обидите да се направат последователни набљудувања во блиска иднина.
Друго можно објаснување што го разгледале астрономите е дека затемнувањето било предизвикано од облак од гас и прашина што поминал пред изворот на рендгенски зраци.
Сепак, тие сметаат дека тоа е малку веројатно, бидејќи карактеристиките на настанот не се совпаѓаат со својствата на гасниот облак.
Илустрација: ESA/NASA

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …