(ВИДЕО) ОЈМЈАКОН – ЗОМБИ ПОЖАР ВО СИБИР Температурата паднала на минус 60, а гори под снегот и мразот!

Шумските „зомби“ пожари продолжуваат да беснеат низ еден дел од Русија и покрај тоа што температурите во регионот паднале и до 60. степени под нулата.
Оддалечените делови на Сибир, вклучително и едно од најстудените населени места во светот, Ојмјакон, беа погодени од некои од најстудените бранови на Земјата, при што температурите во Дељанкир во Русија паднаа на 59,2 степени под нулата.
Регистрираните температури се најниски од јануари 2014. година. Минатиот јануари температурата се спуштила на -58,3 степени.
И покрај овој студ кој ги леди коските, некои од најнемилосрдните шумски пожари во природата продолжија да избувнуваат и покрај бруталниот студ.
Пожарите од тресет, познати и како „зомби пожари“, го добиле своето име затоа што изгледаат како да можат да се вратат од мртвите. Летните пожари се гаснат на површината. Меѓутоа, под земја, огнот е поттикнат од тресет и метан кои се акумулирале со милениуми.
„Вечниот мраз“ што се одмрзнува не е секогаш доволен за гаснење на пожарите, бидејќи гасот се ослободува и го враќа шумскиот пожар кој „оживува“.
Како изгледа овој природен феномен можете да погледнете во видеата подолу.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …