(ВИДЕО) ОДЛУЧИЛА ДА ДАДЕ ОТКАЗ: Тоа го направила на таков начин што половина свет слушнал за тоа!

ЛОШИТЕ меѓучовечки односи, мобинг, расизам, па дури и вербално сексуално злоставување од страна на колегите, се само некои од причините за давањето отказ, без разлика колку ни е потребна работата.
И’ додека едни решаваат да си заминат тивко, други, како девојка од Америка, го прават тоа на таков начин што целиот свет буквално знае за нивното заминување од компанијата.
„Внимание на клиентите, соработниците и шефовите. Јас сум Шана и само сакав да ви кажам дека Хенри е расистичка свиња. Елиас е страшен шеф. Оваа компанија отпушта работници од црна боја без причина. Оваа компанија се однесува кон своите работници како кон ѓубре. А, Џими од одделот за спортска опрема, Џозеф од билетарата и Лари од центарот за градини во центарот се перверзни. Се надевам дека не разговараше со твоите ќерки како што зборуваше со мене. Ги е**ш шефовите, ја е**ш оваа компанија, ја е**ш оваа работа, е**но давам отказ“, рекла таа во слушалка од разгласот, а сите што беа внатре во трговскиот центар можеле да ги слушнат нејзините зборови.


Ова видео стигна и до социјалните мрежи, бидејќи Шана за време на давањето отказ се снимала и доби голем број позитивни коментари, со забелешка дека супер издржала во таква атмосфера скоро две години, колку што била вработена на тоа работно место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …