(ВИДЕО) Од чист мир уништил Ферари

Ferrari 488 Pista со своите 720 коњски сили се покажал како премногу голем залак за овој возач.
Претходно се случуваше суперспортските автомобили во рацете на премногу амбициозни возачи да завршат во ров покрај патот, но во овој случај инцидентот го снимила камера, па може да послужи како предупредување за секој што ќе седне зад воланот на моќен „ѕвер“ на четири тркала.
Несреќата во која учествувал црвениот Ferrari 488 Pista се случил во Холандија, а автомобилот кој бил оштетен наводно бил стар само еден ден. Тој факт може да биде и објаснување зошто возачот од чист мир го уништил скапото возило, бидејќи тоа е очигледно неискуство.
Ненадејното додавање на „гас“ предизвикало возилото да лебди и да ја изгуби контролата, а обидот да се поправи една, довело до друга, ќе се покаже фатална грешки во возењето.


За потсетување, Ferrari 488 Pista дебитираше на Саемот за автомобили во Женева во март 2018 година. Го напојува 3.9-литарски твин-турбо V8 мотор со 720 КС и вртежен момент од 770 Nm.
Според податоците на фабриката, овој автомобил забрзува 0-100 за само 2,85 секунди, и 0-200 за 7,6 секунди, додека крајната брзина е околу 340 км на час.

Фото: Промо/Ферари


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …