(ВИДЕО) Од Бонд до Индијана Џонс: 5. легендарни улоги на Конери

Актерот Шон Конери почина на 9о години, објави Би-Би-Си. Тој е првиот Бонд, Џејмс Бонд (многумина велат и вистински), а во исто време е татко на Индијана Jонс. Во текот на девет децении го одбележуваше Холивуд како никој друг.

За неговиот изглед и појава доста говори и фактот што во 1999. година во филмот „Стапица“ партнерка му беше Кетрин Зета-Џонс, тогаш 40. години помлада од него. Во тоа време таа имала 30. години, а тој скоро 70 години, а никој не го забележал тоа. Во изминатите девет децении, Конери бил дел од бројни култни филмови, тој е еден од најголемите актери во светот и сите го имаа гледано барем еднаш.


Конери глумеше во вкупно седум филмови за Џејмс Бонд. Покрај нив, тој глумеше и во филмовите Нескршливи, Името на розата, Лов на црвениот октомври, Индијана Џонс и Последната крстоносна војна и многу други. Ова се воедно и неговите најпознати улоги во кариерата, за кои своевремено пишуваше Би-Би-Си.


Нескршливи
Конери во остварувањето на Брајан де Палма го игра Џим Мелон, непоткуплив полицаец од градот Чикаго, кој му се придружува на Елиот Нес во борбата против славниот мафијаш Ал Капоне.

Џејмс Бонд
Шон го играше Бонд седум пати – прв пат во филмот „Доктор Но“ во 1962. година, во кој истражува исчезнување на колега и проблеми со американската вселенска програма.


Индијана Џонс и последната крстоносна војна
Борба против нацистите, бркања, борби, антички артефакти, огромни камени топки од кои мора да се избега, многу змии – авантурата е загарантирана. Во третиот дел од франшизата „Индијана Џонс“ доби татко, и тоа никој друг туку Шон Конери.

Човек кој сакаше да биде крал
Станува збор за адаптација на роман на Рудиард Киплинг, автор на познатата Книга за џунглата, а филмот следи двајца поранешни британски војници и нивната авантура во која стигнуваат до далечниот Кафиристан, каде што белиот човек не стапнал од Александар Велики. Главните ликови, за кои Индија е мала и сакаат да станат кралеви, ги толкуваат Конери и Мајкл Кејн.

Лов на црвениот октомври
Шпиони, Студена војна, ЦИА, подморници … Сосема доволно за да се погледне. Конери го игра Марк Ремиус, команден офицер на „Црвениот октомври“, нова советска подморница која е невидлива за сонаторот и која се упатува кон Соединетите држави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …