(ВИДЕО) Ново на македонската музучка сцена:„Аманет“ со синглот „Македонија“

Кога во вас е музиката и големата љубов кон неа кога и да е ќе и се вратите. И’, токму тоа се случува со двоецот од групата „Аманет“, многу симболично за нивната голема љубов кон музиката.
Деновиве во етерот, како и преку социјалните мрежи, битолската група ”Аманет” ја промовира првата песна со наслов ”Македонија”. Станува збор за композиција во поп-рок стил, од авторот Драган Романски, кој ги напиша музиката и текстот. Песната е снимена во студиото на Сашо Паркет во Битола.

„Аманет“ е проект на двајца битолчани, Шенол Мемиш и Драган Романски, кои речиси по две децении се враќаат во музичките води. Шенол Мемиш беше активен во деведесеттите години од минатиот век како соло пејач и во 1997. година објави соло касета со 8 песни“. Песната „Македонија“ е нивна прва заедничка песна. Во снимањето на песната и видеото учествуваа и Томе Јанкуловски, Софија Кочовска, Димитар Спасевски, Сашо Паркет и Филип Спасевски.


Видеото за песната го изработи Димитар Маневски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …