Брзината е ограничена за да не се направи голем бран…
Лоциран во округот Ксуанјен во југозападната провинција Хубеи во Кина, пловечкиот мост Шизигуан е еден од најспектакуларните мостови во светот, односно тој е најголемиот пловечки мост и дури е наведен во Гинисовата книга на рекорди.
Овој уникатен понтонски мост се наоѓа во сликовитата област Шизигуан опкружена со бујни зелени шуми и е познат и како воден пат Шизигуан бидејќи пешачењето или возењето по мостот им дава на луѓето неверојатно чувство на движење по површината на водата.
Познат како „Долг мост на соништата“, се протега по реката Кингјанг. Должината е 500 метри, а ширината е 4,5 метри. Изграден е над тиркизната река која достигнува длабочина од 60 метри.
Мостот, секако, има ограничување на брзината за да не се создаде голем бран, а за јавноста беше отворен на 1 мај 2016 година.
Фото: Принтскрин/YouTube