(ВИДЕО) НОВ ПРОБЛЕМ – Бреговиќ ја „блокирал“ Северина: Пејачката не може да издаде нов албум поради долг од 30 илјади евра

Популарната хрватска пејачка Северина не може да издаде нов албум, а причината наводно е долг кон Горан Бреговиќ.
Пејачката веќе две години најавуваше издавање на нов албум, но тоа никогаш не се случи. Иако е во пријателски односи со композиторот, тој не и дозволува да ја објави песната чиј автор е тој, додека таа не му плати 30.000 евра.
Покрај бројните компликации што ги имаше при создавањето на новиот албум, токму кога се беше готово и подготвено за издавање, имаше и нови компликации.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)



Српските медиуми пишуваат дека Брега минатото лето и испратил порака на Северина и прашал кога ќе му биде платено за песната. Наводно, Северина одговорила дека моментално нема пари за песната, на што Брега и рекол дека песната ќе почека додека не ги добие парите.
Имено, како што пишуваат српските медиуми, Северина и Брега имале сличен проблем пред 15 години, кога ги напишал речиси сите песни за нејзиниот албум „Здраво Маријо“.
Потсетуваме, Бреговиќ беше продуцент и мнозински автор на албумот на Северина „Здраво Маријо“ од 2008 година. На него беа објавени десет песни, а омилени на балканската публика беа „Gas, gas“, „Tridesete“, „Zdravo Marijo“, „Gade“ и „Haljinica boje lila“.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …