НАЈМОЌНИОТ Golf и неговиот возач се незапирливи.
На социјалните мрежи за рекордно време се прошири кратко видео од улиците на Барселона.
Виралното видео прикажува релативно обичен автомобил, VW Golf, на исто толку обично место, на улиците на Барселона, но сепак е доволно интересно и посебно за да предизвика огромен интерес. Тоа се случило пред се благодарение на возачот на голфот кој реши да го изнесе тешко оштетениот автомобил на пат и практично да покаже дека е во возна состојба.
Покривот е буквално згмечен, па нема ни задно стакло, а возачот веројатно само со максимални напори може да го следи сообраќајот. Добрата вест е што сите останати делови од возилото работат правилно, па може да се заклучи дека Голфот е оштетен од предмет што паднал на покривот.
View this post on Instagram
Иако се работи за автомобил кој е сè само не ефтин, возачот очигледно решил да заштеди на услугата за влечење и сам да го однесе автомобилот до шлеп службата, ризикувајќи да дојде до средба со полицијата. Да потсетиме, ова е последната верзија на седмата генерација на Golf, која во R изданието го има познатиот 2.0 TSI. Развива 310 КС и 400 Nm, а благодарение на погонот на сите тркала „катапултира“ до 100 за 4,6 секунди.
Фото: Принтскрин/Instagram