(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО – МИСЛЕВ ДЕКА МИ СЕ ОДИ ВО ТОАЛЕТ, А ПОТОА СЕ ПОРОДИВ: Не знаела дека е бремена, а ги имала овие симптоми!

Џес Дејвис била шокирана кога отишла во тоалет и родила дете. Таа воопшто не знаела дека е бремена, а болката ја препишала на симптомите на менструацијата. Ги немала вообичаените симптоми на бременост и никогаш не почувствувала како бебето се движи.
– Менструацијата отсекогаш ми била нередовна, па тоа навистина не го земав предвид. Понекогаш ми се гадеше, но почнав да пијам нов лек, па едноставно на тоа му го припишував. Кога се роди мојот син, тоа беше најголемиот шок во мојот живот. Отпрвин мислев дека сонувам – изјавила таа.

@jessdavis78


Only me

♬ The algorithm wouldnt like the original sound name – misc mashups


Џес сега се навикнува на мајчинството откако на 11. јуни 2022. година го родила момчето Фреди Оливер Дејвис. Таа вечер кога се породила, требало да направи домашна забава за роденден. Како што се подготвувала, болката станувала полоша и посилна. Рекла дека во еден момент почувствувала силна потреба да оди во тоалет.
– Во ниту еден момент не помислив дека ќе се породам. Само знаев дека треба да притискам. Кога го слушнав како плаче, сфатив што навистина се случува – објаснила таа.


@jessdavis78

My fave ex

♬ original sound – Ana 🧣

Џес, која во тоа време била сама дома, ја повикала својата најдобра пријателка Лив Кинг, која повикала брза помош, а лекарите го ставиле бебето во инкубатор. Се предвидува дека Џес се породила во 35-та недела, а и двајцата добро закрепнуваат.
– Да се ​​стане мајка е голема животна промена. Тешко е да се објасни љубовта што ја имам кон Фреди, но е неверојатна. Цело време мислам на него – додала Џес која ова неверојатно искуство го споделила на своите социјални мрежи. Видеото собрало повеќе од шест милиони прегледи, пишува Daily Mail.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …