(ВИДЕО) Неколку часа до премиерата на последната сезона на „Игри на престолите“

Првата епизода од осмата, последна сезона на хит ХБО серијата „Игри на престолите“ во Македонија ќе биде достапна на ХБО 1 од 03. часот, во исто време со американската премиера и повторно утре (понеделник) од 20. часот додека новите продолжувања ќе следат секој понеделник.
Темелена на популарниот фантастичен серијал книги на Џорџ Р.Р. Мартин, „Игри на престолите“ е епска приказна за предавство и племенитост сместена во земјата Вестерос, каде летата и зимите можат да траат со години, а само желбата за моќ е вечна. Во седум кралства на Вестерос, кој и да управува со Железниот престој, поседува неверојатна моќ, а серијата се концентрира на успонот и падот на неколку семејства кои таа моќ ја сакаат по секоја цена. Ова е приказна за дволичност и предавство,племенитост и чест, освојуавње и триумф. Во „Игри на престолите“ или победувате или умирате.


Како најгледана серија во историјата на ХБО и светски телевизиски феномен, „Игри на престолите“ до денес освоила бројни признанија, вклучувајќи дури 47. Еми награди.
Меѓу познатите глумци кои ги толкуваат главните ликови се Питер Динклиџ, Николај Костер-Валдау, Лена Хедли, Емилиа Кларк, Кит Харингтон, Лиан Канингам, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер Гвендолин Кристи, Џон Бредли, Кристофер Хивју и многу други.
Режијата на новата сезона, која ќе содржи шест епизоди, ја потпишуваат Дејвид Беноф и Д.Б Вајс, Дејвид Нутер и Мигуел Сопочник. Покрај Бениоф и Вајс, сценаристи на последната сезона се Брахан Когман и Дејв Хил.


Foto: Helen Sloan/HBO
Екран.мк/mojtv.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …