„Добро, г-дин офицер. ТВ молам, не ме убивај. Те молам, човеку“, се зборови на Афроамериканецот Џорџ Флојд непосредно пред да биде убиен. Ова може да се види во вознемирувачкото видео снимено од полициската камера.
Видеото е снимено од камера што полициските службеници ги носат на своите униформи, пишува американскиот Huff Post.Настанал во моментот кога еден полицаец се приближи до Флојд кој се наоѓал во автомобилот. Еден службеник го усмерил пиштолот кон Флојд кој рекол дека неговата мајка починала.
“Човек, јас само ја изгубив мајка ми. Те молам, не ме убивај. Ве молам, господине офицер”, рекол тој.
Тој им се извинил на полицајците кои користеле пцости.
„Ставете ги твоите е***и раце тука. Господе, ставете ги своите е***и раце на воланот“, му наредил полицаецот.
Во моментот кога полицајците се обиделе да го внесат на Флојд во нивното возило, тој ги предупредил дека е клаустрофобичен. Тогаш го принудиле да легне на земја. Потоа офицерот Дерек Шовин го ставил коленото на неговиот врат. Тој во таа позиција го држел осум минути и 46 секунди. Флојд му зборувал: „Не можам да дишам“.
Минувачите ги молеле другите полицајци да направат нешто, но тие одбиле. Наскоро Флојд починал. Неговото убиство на 25. мај беше проследено со големи антирасистички протести низ целиот свет. Протестите беа најинтензивни и најбројни во Соединетите држави.